Sleeper кабината е наменета за транспорти во кои возачот можеби ќе треба да преноќи во камионот.
Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да му бидат лесно на дофат на возачот. Во центарот е новиот комбиниран инструмент, на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот.
Пакети за кабина
На располагање се неколку различни пакети за кабините. Пакетите содржат дополнителна опрема, како што се лежалката, активните безбедносни системи на Volvo и модулот за придушување на внатрешните светла. Ова придонесува за комфорно и безбедно опкружување во кабината, како и за висока ефективност на возачот.
Место за ноќевање
Комфорно легло за спиење за едно лице (760x2.000x130/160 mm), со можност за додавање на горно легло (600x1.900x100 mm)