Други варијанти на кабини

Volvo FH Globetrotter LXL Cab

Globetrotter XL кабина

Globetrotter XL кабината е екстра висока, со што се добива повеќе простор за складирање и доволно слободен простор над главата. Движењето во кабината е лесно и две лица можат комфорно да спијат.

Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да му бидат лесно на дофат на возачот. Во центарот е новиот комбиниран инструмент, на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот.

Пакети за кабина
На располагање се неколку различни пакети за кабините. Пакетите содржат дополнителна опрема, како што се лежалката, активните безбедносни системи на Volvo и модулот за придушување на внатрешните светла. Ова придонесува за комфорно и безбедно опкружување во кабината, како и за висока ефективност на возачот.

Простор за складирање

  • Два големи оддела за складирање со ролетни-врати и шест DIN оддели над ветробранот
  • Пет простори за складирање, со различни големини, под креветот. До крајните долни простори за складирање на двата краја може да се пријде и однатре и однадвор

Место за ноќевање

  • Комфорни легла за спиење за две лица - едно долу (760x2.000x130/160 mm) и едно горе (600x1.900x100 mm)
  • Горното легло се испорачува и во комфорна варијанта (700x1.900x100 mm)
© copyright AB Volvo 2009