На располагање е голем избор пакети опрема за кабините:
- Возење – функциите како што се електронската контрола на климата и високото ниво на инструментација го прават работното место покомфорно и побезбедно.
- Лична заштита – ја зголемува безбедноста на возачот кога вози и кога се одмора.
- Прегледност – сензорот за дожд за бришачите и статичните светла за свиоци обезбедуваат подобра прегледност, дури и на дожд и во мрак.
- Превентивна безбедност – го минимизира ризикот од незгоди. Содржи неколку системи за поддршка на возачот, како што се „поддршка за менување на лентата“ и „адаптивна контрола на крстарење“.
- Одморање – опфаќа погодности, како што се: креветот со потпирач, што може да се навалува, и седиштето за одмор коешто може да се врти, за опкружувањето во кабината да се направи покомфорно.
- Volvo аудиосистем – разни аудиопакети со врвни функции, како што се: IPod интерфејс, Bluetooth handsfree и засилувач од 400 W.
Сите алтернативи за внатрешноста на кабините се достапни во повеќе нивоа на опременост - винил, текстил, кадифе и кожа - и нудат крајно високо ниво на комфор, со идеална позиција за возење, анатомски дизајнирани седишта, ниско ниво на бучава, контрола на климата со висок капацитет и со безбедност од светски ранг.