Мотор

Volvo D13C

  • D13C: 420, 460, 500 или 540 КС
  • Со SCR, моторот ги исполнува Euro 5/EEV стандардите
  • Моторна сопирачка на Volvo (VEB/VEB+) како опција
  • Може да биде опремен со приклучок за давање погон со 1.000 Nm, погонуван од моторот.
  • Голем вртежен момент во широк опсег на број на вртежи на моторот.

Повеќе моќ со помала потрошувачка на гориво
D 13C нуди повеќе моќ и поголем вртежен момент- а резултататите можат да се видат во смисла на унапредување на управливоста. Што е поважно, новиот мотор постигнува поголеми стандарди за емисија на издувни гасови со значителна економичност при потрошувачката на гориво. Сите варијанти имаат додатни 20 КС и 100 Nm поголем вртежен момент. Новата погонска група - D13C во комбинација со I-Shift трансмисијата- има потенцијал да ја намали потрошувачката за 3% во споредба со претходните.

Моторот D13C е 12,8-литарски дизел-мотор во линија, со 6 цилиндри, турбокомпресор и со интеркулер. Овој мотор е на располагање со повеќе излезни моќности – 420, 460, 500 и 540 КС.

Со SCR технологијата, моторот ги исполнува Euro 5 стандардите. Како додаток, моторот е исто така достапен и во EEV(унапредено еколошко возило) верзија произведувајки 420, 460 и 500 КС, со помала емисија на чад и честички.

© copyright AB Volvo 2009