Менувач

I-Shift, за да одговара за камион за превоз на долги релации
Издржлив камион наменет за превоз на долги релации, како што е Volvo FH, бара соодветна трансмисија. Таа треба да биде таква што ќе биде погодна за возачот и со ефикасна потрошувачка, за брзи превози на долги релации. Автоматскиот менувач I-Shift овозможува досега недостигнато ниво на управливост, дури и при превоз на товар од 80 и повеќе тони.
Нов I-Shift со поразвиен софтвер                                                                                                                                                                                   
Новиот I-Shift е додатно унапреден во поглед на софтверот
Со новоразвиените пакети на софтвери, I-Shift на пример во градежниот сектор, овозможува уште поголема ефикасност и удобност во возењето.
Напредниот систем I-Roll овозможува повеќе заштеда во потошувачката на гориво.
I-Roll автоматски овозможува слободно вртење на тркалата во ситуации кога не е потребна сила на моторт за покренување или запирање на возилото (моторна сопирачка), на пример на рамни делови на патот, а тоа директно допринесува за смалување на потрошувачката на гориво.
                                                                                                                                                                   

Рачни менувачи
Рачните менувачи на Volvo се испорачуваат со 14 степени на пренос, со удвојување на бројот на степените на пренос и со промена на опсезите на пренос.Со оглед на тоа дека менувачите се поврзани со сајла, тие се згодни за ракување, со ниско ниво на бучава и со мали вибрации.

Powertronic
Powertronic е систем на Volvo за автоматско менување на степенот на пренос, за возење во рамките на кое постојано се тргнува и се запира. Тоа е целосно автоматски електронски планетарен менувач со 6 степени на пренос. Возачот може да избира меѓу две автоматски програми за менување на степените на пренос или рачно менување на степените на пренос.

Powertronic има хидрауличен засилувач на вртежниот момент, за крајно голема стартна влечна сила и за менување на степените на пренос без прекин на вртежниот момент на погонските тркала, што го прави идеален за градилишта и за градски сообраќај.
Новиот Powertronic менувач е дополнително усовршен во смисла на паметно менување на степените на пренос, а истовремено значително е зголемен интервалот за менување на маслото во менувачот.

© copyright AB Volvo 2009