Испорачување моќност – намалување на загубите
Volvo FH се испорачува со широк спектар задни оски, кои се карактеризираат со мали внатрешни загуби и со голема сигурност. Задните оски со едностепен пренос ги минимизираат загубите и се наменети пред сè за превоз на долги релации по добри патишта. Оските со редукција во главината на тркалото се димензионирани за големи вртежни моменти и се наменети пред сè за градежни работи и за потешки превози со големи бруто-маси на комбинацијата.