Други варијанти на кабини

Volvo FH16 Globetrotter Cab

Globetrotter кабина

Кабината е доволно висока и во неа има многу простор за складирање, може лесно да се движите низ неа и две лица можат удобно да спијат.

Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да му бидат лесно на дофат на возачот. Во центарот е новиот комбиниран инструмент, на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот.

Пакети за кабина
На располагање ви се неколку различни пакети за кабините. Пакетите содржат и дополнителна опрема, како што е лежалка, активните безбедносни системи на Volvo и врвните можности за стереото. Ова придонесува за комфорно и безбедно опкружување во кабината, како и за висока ефективност на возачот.

Простор за складирање

  • Два големи оддела за складирање со ролетни-врати и шест DIN оддели над ветробранот
  • Три големи оддели за складирање под леглото за одмор, од кои двата надворешни имаат пристап однадвор

Место за ноќевање

  • Комфорни легла за спиење за две лица - едно долу (760x2.000x130/160 mm) и едно горе (600x1.900x100 mm)
  • Горното легло се испорачува и во комфорна варијанта (700x1.900x100 mm)
© copyright AB Volvo 2009