Други варијанти на кабини

Volvo FH16 Globetrotter XL Cab

Globetrotter XL кабина

Кабината Globetrotter XL нуди зголемена висина, поголем простор и зголемен комфор. Големиот простор за складирање и просторот над главата овозможуваат лесно движење во кабината и комфорно спиење на две лица.

Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да му бидат лесно на дофат на возачот. Во центарот е новиот комбиниран инструмент, на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот.

Пакети за кабина
На располагање ви стојат неколку различни пакети за кабините. Пакетите содржат и дополнителна опрема како што е лежалка, активните безбедносни системи на Volvo и врвните можности за стереото. Ова придонесува за комфорно и безбедно опкружување во кабината, како и за висока ефективност на возачот.

Простор за складирање

  • Два големи оддела за складирање со ролетни-врати и шест DIN оддели над ветробранот
  • Пет простори за складирање, со различни големини, под креветот. До крајните долни простори за складирање на двата краја може да се пријде и однатре и однадвор

Место за ноќевање

  • Комфорни легла за спиење за две лица - едно долу (760x2.000x130/160 cm) и едно горе (60x190x8 cm)
  • Горното легло се испорачува и во комфорна варијанта (70x190x8 cm)
© copyright AB Volvo 2009