Кабини безбедни при судир
Најчестото сценарио на сообраќајни незгоди вклучува директен судир или превртување. Кога кабината ќе ја удри некој надворешен предмет, нејзина примарна задача е да ја пренесе енергијата наназад, со цел да се задржи доволно простор за преживување во нејзината внатрешност.
Во Volvo Trucks темелно ги тестираме нашите кабини во серија секвенци, вклучувајќи го и тестот со предно нишало. Сите кабини ги исполнуваат шведските стандарди за цврстина на кабината – инаку, најстроги во светот.
Ја апсорбира енергијата на ударот
Во случај на сообраќајна незгода дејствуваат огромни сили. Силата на којашто се изложува вашето тело е веројатно најмалку двапати поголема од неговта тежина. Лице кое тежи 100 kg, кога патува со брзина од 50 km/h, е изложено на сила еднаква на четири тони. Токму затоа, внатрешноста на кабината треба да ја апсорбира енергијата, со цел да се ублажи ударот на човечкото тело.
Во сите наши кабини, управувачот и контролниот пулт, како и приборот во висина на колениците, апсорбираат енергија. Исто така, целиот текстил на облогата е направен од огноотпорни материјали.
Покрај тоа, внатрешниот прибор - како што се фрижидерот и кафематот - е дизајниран така што ќе биде цврсто прицврстен на структурата на кабината. Ова гарантира дека во случај на судир или при нагло сопирање тие ќе останат на своето место.