Менувач

I-Shift за да одговара на моќноста
Моќен камион, како што е Volvo FH16, бара соодветна трансмисија. Таа треба да биде таква што ќе биде погодна за возачот и со ефикасна потрошувачка, за брзи превози на долги релации. Автоматскиот менувач I-Shift овозможува досега недостигнато ниво на управливост, дури и при превози од 80 и повеќе тони.

Нов I-Shift со понапреден софтвер                                                                                           Софтверот е уште повеќе развиен кај новиот I-Shift менувач. Со дополнување на I-Shift менувачот со програмски пакет за градежни работи, помеѓу другото, се зголемува нивото на ефикасност и удобност. Програмите за промена на степенот на преносот направени се спрема специфичните услови на секоја операција. Подобрениот I-Roll овозможува уште поголема заштеда на гориво

Рачни менувачи
Рачните менувачи на Volvo се достапни во широк опсег варијанти, со цел да одговараат на различните примени и големини на моторот во верзија со 14 степени на пренос и со удвојувач на бројот на степените за пренос, со или без overdrive. Со оглед на тоа дека менувачите се поврзани со сајла, тие се згодни за ракување, со ниско ниво на бучава и со мали вибрации.

© copyright AB Volvo 2009