Технологија за намалување на внатрешните загуби
Volvo FH16 се испорачува со широк спектар задни оски, кои се карактеризираат со мали внатрешни загуби и со голема сигурност. Задните оски со едностепен пренос ги минимизираат загубите и се наменети пред сè за превоз на долги релации по добри патишта. Задните оски со редукција во главината на тркалото се димензионирани за големи вртежни моменти и се наменети пред сè за градежни работи и за потешки превози со големи бруто-маси на комбинацијата.
Сите задни оски се на располагање со широк избор преносни односи. Од една страна, тоа овозможува да се обезбеди добро тргнување и способност за искачување на нагорнини, а од друга страна да одговара на економскиот степен на пренос при брзина на крстарење.