Ве води кон оптимизирана потрошувачка на горивото
Намалувањето на потрошувачката на горивото е неизбежна работа кога станува збор за економијата во компанијата. А уште повеќе кога се работи за животната средина Ние во Volvo веруваме во придобивките од почистата технологија. Тоа е мисија којашто ја сфаќаме сериозно. Само како пример: во периодот од 1980 до 2001 година, ефикасноста на моторите и нормалната потрошувачка на горивото кај дизел-моторите се подобрила за околу 30%.
Сепак, покрај дизајнот на возилата и на моторот, потрошувачката на гориво за транспорт на стока со возила зависи од голем број фактори, како што е факторот на товарот, возачот, опремата и временските услови.
Volvo има долгогодишно искуство кога станува збор за технологијата на моторите за намалување на емисиите и за исполнувањето на сите главни легислативи од Европа, САД и од Јапонија.
SCR технологија
Во Volvo Trucks веруваме дека технологијата со селективна каталитичка редукција (SCR) е најдобрата алтернатива за исполнување на Euro 5 легислативите за емисии. SCR се покажа како добра и сигурна технологија, без ограничувања во поглед на излезната моќност и не влијае на системите за ладење и за подмачкување.
Исто така, SCR претставува решение со најефикасна потрошувачка на горивото меѓу техниките што се на располагање за Euro 5. Но, доколку е потребен EGR, може да се снабди и таа алтернатива.