Електронски систем за сопирање (EBS) погонуван со компримиран воздух, стандардно преку „воздушни пружини“
Асистенцијата при паничното сопирање го намалува растојанието на сопирање
Автоматско приспособување на силата на сопирање меѓу влечното возило и приколката.
Дискови на сопирачките со флексибилно прикачување за долг век на траење.
Електронска програма за стабилизација достапна за 4x2, 6x2 и 6x4 влечните возила и за 6x2 соло-камионите
Контролер на притисокот на издувните гасови, кој е на располагање како сопирачка со издувни гасови
Компактен забавувач со VEB+, кој достигнува ефект на сопирање од околу 865 kW
Зголемена просечна брзина со VEB+
Со патентираната VEB+ на Volvo добивате голема и рамномерна сила на сопирање којашто не слабее. Бидејќи VEB+ го покрива целиот опсег на број на вртежи на моторот, најголем дел од потребите за сопирање на камионот можете да ги решите со моторната сопирачка.
VEB+ дава екстремно голем ефект на сопирање – 425 Kw со D16G. При возење по ридест терен има добри можности за зголемување на просечната брзина без влијание на безбедноста при возењето. Практично речено, тоа значи дека можете да останете во поголем степен на пренос и кога се движите по надолнини.