Volvo FH16 може да се направи така што ќе одговара за најголемиот број транспортни задачи. Шасиите се испорачуваат со различна висина, со различни типови системи за потпирање, системи за сопирање и со разновидна периферна опрема.
Има три различни висини на шасиите за влечните возила и за соло-камионите:
Ниската шасија е наменета за транспорт на растресит товар по добри патишта и со целосно воздушно потпирање. Шасијата со средна висина одговара за камиони со ниски предни оски, во комбинација со предно листесто или предно воздушно потпирање. Високата шасија е наменета за камиони наменети за вршење на тешки градежни работи и за камиони со листесто потпирање.