Предупредува ако камионот излегува од коловозната лента
Поддршката за останување во коловозната лента (LKS) ја следи позицијата на камионот на патот. Системот го предупредува возачот во случај на ненамерно излегување од тековната лента или при влегување во лентата по којашто сообраќаат возилата од спротивната насока. Главна област на примена е кај превозите на долги релации по автопатиштата, кога камионот се движи со постојана брзина во монотоно сообраќајно опкружување.
Системот помага кога возачот не е доволно сконцентриран, кога тој или таа е уморен(а) или кога губи концентрација.
Предупредување за потенцијален страничен судир.
Поддршката за менување на лентата (LCS) внимава на слепата точка на задната страна на совозачот, којашто не ја покриваат ретровизорите. Кога возачот ќе даде сигнал за свртување и има намера да ја смени лентата, радарот на LCS системот прво проверува дали има возило во слепата точка. Доколку има, возачот се предупредува со светлосен сигнал.
Аларм при замор
Поддршката за алармирање на возачот (DAS) ги следи параметрите, како што се движењето на управувачот и на педалот. Видеокамерата на внатрешната страна на ветробранот ги следи оддалеченоста од средината на патот и ознаките на работ на патот, а компјутерот во камионот ги споредува движењата на управувачот со ознаките на патот. Кога возачот ќе почне да ниша со управувачот, DAS го алармира со звучен сигнал и со трепкање на индикатор на екранот за информирање на возачот. Овој систем е опција на LKS.
Активната контрола на крстарење го одржува растојанието
Адаптивната контрола на крстарење (ACC) е активен систем за контрола на крстарењето, кој го олеснува вклучувањето во сообраќајот и одржувањето безбедно растојание до возилата што се движат пред него.
Со ACC возачот го одбира временското растојание од возилото што се движи пред него. Потоа, ACC системот го одржува тоа временско растојание преку автоматската контрола на гасот и на сопирачките. ACC системот за следење на растојанието се базира на најсовремена радарска функција.
Електронски контролирани брзи сопирачки
Диск-сопирачките со електронски контролиран систем за сопирање (EBS) овозможуваат јасно и добро избалансирано чувство на сопирање, во комбинација со инсталација на дискови отпорни на топлина и едноставни за сервисирање. Тие се карактеризираат со голем ефект на сопирање, додека електронската контрола обезбедува крајно брза реакција со кратко растојание на сопирање. EBS е на располагање во Medium и во High програмските пакети.
Стабилизацијата на сопирањето го ослободува возачот
Електронската програма за стабилизација (ESP) промовира безбедно и сигурно сопирање, со можност за редистрибуција на силата на сопирање меѓу разни тркала, во зависност од потребата.
ESP активно работи на сопирање на секое тркало поединечно. На пример, системот регистрира дека брзината на камионот е премногу голема и дека возилото е на граница да почне да се лизга или да се преврти во кривина, па дури и тоа дека приколката покажува знаци на почеток на нишање при брз маневар заради избегнување на незгода. ESP е вклучена во EBS High за сите влечни возила, а исто така е достапна и за соло-камионите со 6×2 bogie со воздушно потпирање.