Low sleeper кабината овозможува маневрирање кога висината на возилото е ограничена. На пример, кабината дозволува транспорт на автомобили на две платформи, со еден автомобил над кабината, а притоа возилото да не биде повисоко од четири метри.
Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да му бидат лесно на дофат на возачот. Во центарот е новиот комбиниран инструмент, на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот.
Пакети за кабина
Volvo FM ја нуди можноста за додавање на систем за подобрување на аеродинамичноста, со цел да се минимизира потрошувачката на горивото. За подобрување на комфорот на кабината, на располагање е избор на разни аудиопакети со кои се додаваат врвни функции, како што се: iPod интерфејс, поддршка за Bluetooth и засилувач од 400 W.
Простор за складирање
- Држач за чаши, држач за моливи и џеб од мрежа и место за мали предмети се интегрирани на инструмент-таблата
- Под леглото има два големи оддела за складирање со пристап однадвор
Место за ноќевање
Комфорно легло за спиење за едно лице (700x2.000x125/160 mm)