Volvo FM Globetrotter LXL Cab

Globetrotter LXL кабина

Кабината е екстра висока, со што се добива повеќе простор за складирање и доволно простор над главата. Движењето во кабината е лесно и две лица можат комфорно да спијат.

Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да му бидат лесно на дофат на возачот. Во центарот е новиот комбиниран инструмент, на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот.

Пакети за кабина
Volvo FM ја нуди можноста за додавање на систем за подобрување на аеродинамичноста, со цел да се минимизира потрошувачката на горивото. За подобрување на комфорот на кабината, на располагање е избор на разни аудиопакети со кои се додаваат врвни функции, како што се: iPod интерфејс, поддршка за Bluetooth и засилувач од 400 W.
Простор за складирање

  • Два големи оддела за складирање со ролетни-врати и шест DIN оддели над ветробранот
  • Држач за чаши, држач за моливи и џеб од мрежа и место за мали предмети се интегрирани на инструмент-таблата
  • Под леглото има два големи оддела за складирање со пристап однадвор

Место за ноќевање
Комфорни легла за спиење за две лица - едно долу (700x2.000x125/160 mm) и едно горе (600x1.900x100 mm). Горното легло се испорачува и во комфорна варијанта (700x1900x100 mm).

© copyright AB Volvo 2009