- D11C : 330, 370, 410 или 450 КС
- D13C : 380, 420, 460 или 500 КС
- Со SCR, моторите ги исполнуваат Euro5/EEV стандардите
- Моторна сопирачка на Volvo (VEB/VEB+)
- Може да е опремен со приклучок за давање погон со 1000 Nm, погонуван од моторот.
- Голем вртежен момент во широк опсег на број на вртежи на моторот.
Volvo FM има избор од два мотори - D11C и D13C. Две моќни решенија со најнова технологија, четири вентили по цилиндар и контролирани единични инјектори.
D11C – Економичност и управливост во фокус
Моторот D11C е 10,8-литарски мотор во линија, со 6 цилиндри, турбокомпресор и со интеркулер. Се испорачува со четири излезни моќности – 330, 370, 410 и 450 КС.
D13C – Чиста моќност
Моторот D13C е 12,8-литарски дизел-мотор во линија, со 6 цилиндри, турбокомпресор и со интеркулер. Овој мотор е на располагање со избор од четири излезни моќности – 380, 420, 460 и 500 КС.
Повеќе моќност со помала потрошувачка на гориво
D13C нуди поголема моност и поголем вртежен момент- арезултатите можат да се видат во смисла на подобрената управливост. Уште повеќе што новиот мотор ги исполнува повисоките емисии за стандард со подобрена економичност во потрошувачката на гориво. Сите варијанти на излезна моќност имаат додатни 20 КС и 100 Nm. Новиот D13C во комбинација со I-Shift трансмисијата има потенцијал за намалување на потрошувачката на гориво за 3% споредено со предходните.
Унапредени Еколошки Возила.
D11C 330, 370, 410 КС и D13C 420, 460, 500 КС се испорачуваат во EEV( еколошки унапредени возила) верзија, произведувајки помала емисија на чад и честички.