- I-Shift
- Широк опсег рачни менувачи со 9 и 14 степени на пренос.
- Powertronic автоматски менувач со 6 степени на пренос.
I-Shift
I-Shift ќе го промени начинот на кој возите. Тоа е автоматски менувач со 12 степени на пренос, применлив за превоз на долги релации, дистрибуција и за градежни работи, димензиониран за да се справи со бруто-маси на комбинацијата од над 80 тони. Тој е потивок и покомпактен од кога и да е претходно и тежи приближно 70 kg помалку од рачен менувач.
Новиот I-Shift е додатно унапреден во поглед на софтверот
Со новоразвиените пакети на софтвери, I-Shift на пример во градежниот сектор, овозможува уште поголема ефикасност и удобност во возењето.
Напредниот систем I-Roll овозможува повеќе заштеда во потошувачката на гориво.
I-Roll автоматски овозможува слободно вртење на тркалата во ситуации кога не е потребна сила на моторт за покренување или запирање на возилото (моторна сопирачка), на пример на рамни делови на патот, а тоа директно допринесува за смалување на потрошувачката на гориво.
Рачен
За да одговара на многуте потреби, Volvo FM може да биде опремен со неколку рачни менувачи со 9 или со 14 степени на пренос. Сите имаат синхроно серво-менување и ракување преку сајла, што резултира со мала сила потребна за менување на степените на пренос и со помали вибрации на рачката на менувачот. Менувачите со менување на опсег и со удвојување на бројот на степените на пренос се достапни во верзии наменети за различни нивоа на вртежни моменти на моторот, а како опција и со overdrive.
Powertronic
Powertronic е автоматски планетарен пренос со 6 степени на пренос, наменет за работи во градежништвото и за дистрибуција. Сега може да се комбинира со сите излезни моќности на моторот. Тој има добри стартни и возни карактеристики и два мода на работа, како и рачно менување на степените на пренос. Менувањето на степените на пренос е без прекинување на погонот. Исто така, Powertronic ги намалува внатрешните загуби при искачување на нагорнини
Новиот Powertronic менувач е дополнително усовршен во смисла на паметно менување на степените на пренос, а истовремено значително е зголемен интервалот за менување на маслото во менувачот.