Ја пренесува моќноста, без оглед на работата
Volvo FM е достапен со не помалку од 7 различни задни оски – единечни и тандем оски со едностепен пренос или со редукција во главината на тркалото. Сите задни оски имаат лиено куќиште од нодуларен лив, што резултира со компактен дизајн кој овозможува големо растојание до подлогата. Лежиштата на тркалата се лежишта за кои не е потребно одржување.
На задните оски стандардно се вградува диференцијал. Тоа ја зголемува способноста на возилото да ве однесе таму каде што треба, во услови кога површината е лизгава и овозможува мала влечна сила. Тандем-оските, исто така, имаат диференцијал меѓу оските.
Погон на сите тркала
Volvo FM е достапен со погон на сите тркала, во 4x4 или во 6x6 конфигурација за подобрена способност надвор од патот. Тоа е систем со мала тежина, кој има редуктор и погонувана предна оска со редукција во главината на тркалата. Погонот на сите тркала може да се комбинира со сите мотори од FM опсегот и со рачните менувачи и Powertronic.