Сопирачки

  • Електронски контролиран систем за сопирање (EBS)
  • Електронска програма за стабилизација (ESP)
  • Z-брежести сопирачки
  • Помошни сопирачки, како што e моторната сопирачка на Volvo (VEB/VEB+)

Поголем ефект при сопирањето
Системот за сопирање вклучува EBS диск-сопирачки со ESP како опција или, алтернативно, испробаните и проверени Z-брежести сопирачки.

Овие алтернативи можат да се дополнат со особено ефикасните помошни сопирачки, како што се моторната сопирачка на Volvo (VEB/VEB+), и со забавувач.

EBS е систем за сопирање со дискови, кој електронски го контролира ефектот на сопирање. Поседувањето диск-сопирачки со електронска контрола преку електричниот систем на камионот има многу предности.

Z-брежестите барабан-сопирачки се користат првенствено кај камионите со листесто потпирање.

  • Компактниот забавувач, интегриран со I-Shift и со рачните менувачи, обезбедува континуирано да се располага со голем момент на сопирање, дури и за време на менувањето на степенот на пренос. Вкупниот ефект на сопирање со забавувач зависи од моделот на моторот и опремата, како што е EPG/VEB/VEB+
  • Примарниот забавувач, интегриран во Powertronic, обезбедува континуирано располагање со голем момент на сопирање, дури и за време на менувањето на степенот на пренос. Вкупниот ефект на сопирање со забавувач зависи од моделот на моторот и опремата, како што е EPG/VEB/VEB+

Моторна сопирачка на Volvo
Патентираната моторна сопирачка на Volvo (VEB/VEB+) произведува поголем ефект на сопирање во споредба со нејзините претходнички. Исто така, има и EPG сопирачка во стандардна опрема

© copyright AB Volvo 2009