Предупредување за потенцијален страничен судир.
Поддршката за менување на лентата (LCS) внимава на слепата точка на задната страна на совозачот, којашто не ја покриваат ретровизорите. Кога возачот ќе даде сигнал за свртување и има намера да ја смени лентата, радарот на LCS системот прво проверува дали има возило во слепата точка. Доколку има, возачот се предупредува со светлосен сигнал.
Активната контрола на крстарење го одржува растојанието
Адаптивната контрола на крстарење (ACC) е активен систем за контрола на крстарењето, кој го олеснува вклучувањето во сообраќајот и одржувањето безбедно растојание до возилата што се движат пред него.
Со ACC возачот го одбира временското растојание од возилото што се движи пред него. Потоа, ACC системот го одржува тоа временско растојание преку автоматската контрола на гасот и на сопирачките. ACC системот за следење на растојанието се базира на најсовремена радарска функција.
Електронски контролирани брзи сопирачки
Диск-сопирачките со електронски контролиран систем за сопирање (EBS) овозможуваат јасно и добро избалансирано чувство на сопирање, во комбинација со инсталација на дискови отпорни на топлина и едноставни за сервисирање. Тие се карактеризираат со голем ефект на сопирање, додека електронската контрола обезбедува крајно брза реакција со кратко растојание на сопирање. EBS е на располагање во Medium и во High програмските пакети.
Стабилизацијата на сопирањето го ослободува возачот
Електронската програма за стабилизација (ESP) промовира безбедно и сигурно сопирање, со можност за редистрибуција на силата на сопирање меѓу разни тркала, во зависност од потребата.
ESP активно работи на сопирање на секое тркало поединечно. На пример, системот регистрира дека брзината на камионот е премногу голема и дека возилото е на граница да почне да се лизга или да се преврти во кривина, па дури и тоа дека приколката покажува знаци на почеток на нишање, при брз маневар заради избегнување на незгода. ESP е вклучена во EBS High и е на располагање за сите влечни возила, а исто така е достапна и за соло-камионите со 6×2 bogie со воздушно потпирање.