Опремување на шасијата

Volvo FM може да се направи така што ќе може да извршува најразлични транспортни задачи. Шасиите се достапни во различни висини, со различни типови системи за потпирање и системи за сопирање и со можност за избор на периферната опрема.

Благодарение на ова, Volvo FM може да задоволува најразлични потреби: од градежни возила со погон на сите тркала (4x4/6x6) до ниски шасии со воздушно потпирање, оптимизирани за транспорт на растресит товар по добри патишта.

Има пет различни висини на шасиите за влечните возила:

  • X-low
  • Low
  • Medium
  • High
  • X-high

И четири висини за соло-камиони

  • Low
  • Medium
  • High
  • X-high

X-low и Low шасијата се наменети за транспорт на растресит товар по добри патишта и за целосно воздушно потпирање. Medium одговара за камиони со ниски предни оски, во комбинација со предно листесто или предно воздушно потпирање. High е наменета за камиони што се користат на градилиштата или за транспорт по лоши патишта, како и за камиони со листесто потпирање. X-high се користи кај возила со погон на сите тркала со листесто потпирање.

© copyright AB Volvo 2009