Безбедност на кабината

Кабини безбедни при судир
Најчестото сценарио на сообраќајни незгоди вклучува директен судир или превртување. Кога кабината е удрена од надворешен предмет, нејзина примарна задача е да ја пренесе енергијата наназад, со цел во неа да се задржи доволно простор за преживување.

Во Volvo Trucks темелно ги тестираме нашите кабини во серија на секвенци, вклучувајќи го и тестот со предно нишало. И сите кабини ги исполнуваат шведските стандарди за цврстина на кабината - инаку, најстроги во светот.

 

Ја апсорбира енергијата на ударот
Во случај на сообраќајна незгода дејствуваат огромни сили. Силата на којашто се изложува вашето тело е веројатно најмалку двапати поголема од тежината на целото ваше тело. Лице кое тежи 100 kg, кога патува со брзина од 50 km/h, е изложено на сила еднаква на четири тони. Токму затоа, внатрешноста на кабината треба да ја апсорбира енергијата, со цел да се ублажи ударот на човечкото тело.

Во сите наши кабини, управувачот и контролниот пулт апсорбираат енергија, како и декоративните ленти во висина на колениците. Исто така, целиот текстил на облогата е направен од огноотпорни материјали.

Дополнително, внатрешниот прибор - како што се микробрановата печка и кафематот - е дизајниран така што ќе биде цврсто прицврстен на структурата на кабината. Ова гарантира дека во случај на судир или при нагло сопирање тие ќе останат на своето место.

© copyright AB Volvo 2009