Рачен
Volvo FE е достапен со два "overdrive" рачни менувача, еден со 6 и друг со 9 степени на пренос. Менувачите се со серво-уред, лесни за маневрирање и со краток òд. Рачката е без вибрации, има краток òд и многу добар распоред на менување.
Автоматски
Можете непречено и удобно да ракувате со автоматската трансмисија со 6 степени на пренос со копчињата на инструмент-таблата. AL306 е добра за камионот и заштедува гориво, затоа што моторот секогаш работи во неговиот оптимален опсег на број на вртежи. А при поаѓање хидрауличниот конвертор на вртежниот момент обезбедува значителна влечна сила.
За Volvo FE, автоматската трансмисија може да се специфицира за сите варијанти на моторот.