Едностепен пренос
Кај задните оски со едностепен пренос, погонот од погонската оска до погонските тркала се пренесува во еден степен. Овој тип задни оски е лесен и има многу мали внатрешни загуби, а тоа - за возврат - помага во минимизирањето на потрошувачката на горивото.
Редукција во главината на тркалото
Тешките услови и тешките товари се дел од секојдневниот живот на многу возачи на Volvo камиони. Со Volvo FE опремен со задна оска со редукција во главината на тркалото имате екстра моќност во вашиот камион. Редукцијата се врши во два чекорa, поради што оптоварувањето на погонските оски и на крајниот погонски преносник е помало. Тоа промовира добра работна сигурност, дури и при големи излезни моќности и при големи брзини.