Ве води кон оптимизирана потрошувачка на гориво
Намалувањето на потрошувачката на горивото е неизбежна работа кога станува збор за економија во компанијата. А уште повеќе, кога се работи за животната средина. Ние во Volvo веруваме во придобивките од почистата технологија. Тоа е мисија којашто ја сфаќаме мошне сериозно. Само да ви дадеме еден пример: помеѓу 1980 и 2001 година, потрошувачката на горивото при користење на дизел-мотор е намалена за околу 30%.
Сепак, покрај дизајнот на возилата и на моторот, потрошувачката на горивото за транспорт на стока со возила зависи од голем број фактори, како што се: факторот на товарот, возачот, опремата и временските услови.
SCR технологија
Во Volvo Trucks веруваме дека технологијата со селективна каталитичка редукција(SCR) е најдобрата алтернатива за исполнување на Euro 5 легислативата за емисии. SCR се покажа како добра и сигурна технологија без ограничувања во излезната моќност и се употребува во Европа од 2004 година. Исто така, SCR претставува решение со најефикасна потрошувачка на горивото меѓу техниките што се на располагање за Euro 5.
Решението користи помалку гориво, дава поголема моќност и не влијае на системите за ладење или за подмачкување.