Dynafleet е единствениот сeопфатен информациски систем за транспорт што може да се најде на пазарот. Тој ви помага да ги донесувате оние секојдневни одлуки кои ви овозможуваат поефикасно планирање на транспортот и подобро следење на возилото. Dynafleet ви нуди поголема профитабилност, бидејќи секогаш имате контрола на трошоците за гориво и на оперативните трошоци.
Vehicle Management ги доставува податоците за возилото и за времето на возење на возачот - до возачот и до канцеларијата. Ова се информации што помагаат во анализата на транспортот и што формираат сигурна основа за работата на раководителот на возилата и за канцелариските пресметки на платите.
Transport Management е комплетен систем што ви нуди широк дијапазон на логистички функции, вклучувајќи ја и локацијата на возилото. Ова го прави системот секојдневна алатка на планерот на транспортот за планирање, раководење и за следење на транспортните задачи.