За светла иднина
Влијанието на еден камион врз животната средина главно се состои од емисиите на издувните гасови. Затоа, ние сме решени да одиме докрај, кога станува збор за истражувањето и натамошното намалување на емисиите, и сме на првата линија на еколошката технологија.
Ефикасен посттретман на издувните гасови
Од енергетски аспект, дизел-моторите се многу ефикасни. За време на согорувањето, нивото на температура е високо и има вишок на воздух, со цел да обезбедиме дека согорувањето е речиси комплетно. Нивоата на јаглеводородите и на јаглеродмоноксидот се пониски во споредба со бензинските ("ото") мотори.
Од друга страна, дизел-моторот произведува повеќе азотни оксиди и честички во споредба со ото-моторот. Со следење на согорувањето се регулира рамнотежата меѓу јаглеводородите/јаглеродмоноксидот и азотните оксиди.
Квалитет на горивото
Дизел-горивото има повисока енергетска вредност од бензинот, но тоа - исто така - содржи и повисоки нивоа на сулфур и ароматски јаглеводороди. Во овој момент, гориво со мал процент на сулфур може да се најде во Шведска, Финска и во Обединетото Кралство
Техники за чистење
Има неколку начини за намалување на емисиите. Филтрите или замките за честичките го намалуваат количеството на испуштените честички, додека каталитичкиот конвертор ефикасно ги согорува издувните гасови во контролирани услови.
Комплетот филтер за дизел-честички може дополнително да се постави на камионите со Euro 2 и со Euro 3 мотори, што овозможува возење во еколошки зони.
Тој ефикасно ги намалува супстанциите коишто влијаат на здравјето: јаглеродмоноксидот, јаглеводородите и саѓите во издувните гасови. Затворениот филтер ги намалува емисиите коишто имаат штетно влијание врз здравјето за 80-95%, без притоа да влијае на моќноста на моторот.
Има и нови технологии за мотори коишто исполнуваат уште построги прописи. На некои пазари рециркулацијата на издувните гасови (EGR) денес се користи паралелно со селективната каталитичка редукција (SCR) .