Природна состојка од нашата животна средина
SCR технологијата користи адитив наречен AdBlue, кој се впрскува во издувните гасови пред да поминат низ SCR каталитичкиот конвертор. Во каталитичкиот конвертор азотниот оксид се претвора во безопасен гасовит азот и во водна пареа, супстанции коишто природно се наоѓаат во нашата животна средина.
Активната супстанција во AdBlue - уреа - се прави од природен гас. Уреата е бел кристален прашок кој, исто така, природно се наоѓа во животната средина. Тоа е стабилна и неотровна супстанција за којашто нема ограничувања во поглед на складирањето или транспортот.
Подобра расположливост
Volvo, во соработка со водечките нафтени и хемиски компании, работи на креирање на практично решение за дистрибутивната мрежа и за ракување со AdBlue. Постојат многу снабдувачи и тие нудат комплетни резервоари и опрема кои се веќе ставени на располагање за испорака.
Сè додека инфраструктурата за AdBlue не биде целосно изградена, дилерската мрежа на Volvo ќе биде во состојба да понуди погоден и економичен систем за снабдување на нашите клиенти со AdBlue. Обратете се до вашиот локален дилер за повеќе информации во однос на тоа како и кога AdBlue ќе биде ставен на располагање во вашата област.