SRC - технологија

SCR технологија

Ги исполнува барањата
Во Volvo Trucks веруваме дека технологијата со селективна каталитичка редукција(SCR) е добра алтернатива за исполнување на Euro 4 легислативата за емисии. SCR се покажа како добра и сигурна технологија без ограничувања во поглед на излезната моќност и се употребува во Европа од 2004 година. Исто така, SCR претставува решение со најефикасна потрошувачка на горивото меѓу техниките што се на располагање за Euro 4 и Euro 5.

Придобивка од SCR методата е тоа што таа може да се адаптира за да биде компатибилна со Euro 4 и со Еуро 5. На пример, за Euro 5 мотор се впрскува повеќе AdBlue за натамошно намалување на нивото на азотниот оксид. За Euro 4, адитивот одговара на околу 3-4% од количеството на горивото, а за Euro 5 на околу 5-7%.

© copyright AB Volvo 2009