Ве води кон оптимизирана потрошувачка на горивото
Намалувањето на потрошувачката на горивото е неизбежна работа кога станува збор за економија во компанијата. Но уште повеќе кога се работи за животната средина Ние во Volvo веруваме во придобивките од почистата технологија. Тоа е мисија којашто ја сфаќаме мошне сериозно. Споредено со камион што вршел слични превозни задачи во 1980 година, потрошувачката на горивото, при користење на дизел-мотор, е намалена за околу 30%.
Сепак, и покрај дизајнот на возилата и на моторот, потрошувачката на горивото за транспорт на стока со возила зависи од голем број фактори, како што се: факторот на товарот, возачот, опремата и временските услови.
Возачот и сопственикот
Иако отпорноста на воздухот, отпорноста на тркалање и спецификацијата на погонската група влијаат на потрошувачката на горивото, факторот на товарот и натаму е водечки фактор што ги прави најголемите разлики по тонкилометар. За една транспортна компанија, планирањето на рутата и факторот на товарање се од најголемо значење за намалувањето на потрошувачката на горивото.
Спецификација и опрема
Масата на композицијата и условите на патиштата одредуваат кој модел е најсоодветен за даден бизнис. Друг фактор е тоа што посилните мотори и поголемата маса на композицијата резултираат со поголема потрошувачка на гориво. Сепак, потрошувачката на гориво се намалува со зголемување на масата на композицијата, пресметано по тонкилометар. Различната опрема и дизајнот, исто така, влијаат врз отпорноста на воздухот, а последователно и врз потрошувачката на горивото. Со вистински избор од самиот почеток, потрошувачката на горивото може да се намали и за повеќе од 10%.
Дополнителни факти за потрошувачката на горивото:
- Постојаното возење по нагорнина и по удолнина или возењето во град со чести запирања може да ја зголеми потрошувачката на горивото за повеќе од 50%
- Возењето спроти ветер кој дува дополнителни 10 метри/секунда може да ја зголеми потрошувачката на горивото за 18%
- Доколку има дожд или снег на површината на патот, се зголемува отпорноста на тркалање, па потрошувачката на горивото може да се зголеми за 10-20%
- Намалувањето на брзината од 90 km/h на 80 km/h ја намалува потрошувачката на горивото за 6%
- Едно дополнително запирање на секои 10 km ја зголемува потрошувачката на горивото за околу 35%. 10 запирања и забрзувања на 10 km ја зголемуваат потрошувачката на горивото за 130%.
- Потрошувачката на горивото може да се зголеми до 10%, доколку возилото не е редовно сервисирано и/или доколку во камионот се користат непроверени делови