ACC - Приспособлива контрола на крстарење

Авионска технологија за безбедност

Користејќи воена авионска технологија, приспособливата контрола на крстарење (ACC) ви помага да го одржите растојанието од другите возила.

ACC беше надградена и прочистена. Сега системот ги користи сопирачките на тркалата на камионот при забавувањето, со што е уште помоќен. Исто така, новата ACC заемно дејствува со I-Shift, така што може да се специфицира само со камиони коишто се опремени со автоматски систем за менување на степенот на пренос на Volvo.

Со конвенционалната контрола на крстарење вие сте врзани за одредена брзина. Но, ACC го одбира и временското растојание од возилото што се движи пред вас. Можете да поставите безбедна маргина од, на пример, три секунди и ACC ќе го одржува растојанието со автоматска регулација на гасот или на сопирачките. ACC покрива 90% од сите ситуации на сопирање. Во случај кога некој ќе почне нагло да сопира, вие ќе бидете предупредени со звучен и со светлосен сигнал.

© copyright AB Volvo 2009