EBS - Електронски контролиран систем за сопирање

Запирање навреме

Без оглед на тоа дали треба силно да нагазите на сопирачките или да забавите за да се осигурате дека нема да дојде до тоа, EBS (електронски контролираниот систем за сопирање) ќе ви помогне да не дојдете во опасност.

EBS е електронски контролиран антиблокирачки систем за сопирање со дискови, со голем ефект на сопирање со моментално дејство, благодарение на електронскиот пренос на сигналот.

EBS ја зголемува безбедноста во сообраќајот за соло-камионите и за камионите со полуприколки/приколки. Сопирачките на тркалата и помошните сопирачки работат заедно, подобрувајќи ја безбедноста и ефикасноста. Стандардно се вградува во камионите со воздушно потпирање, а може да се инсталира и во некои апликации со листести пружини.

Сигналите за сопирање се испраќаат на EBS контролната единица кога возачот ќе го притисне педалот. Многубројните сензори за брзината на тркалото и за истрошеноста на облошките, испраќаат информација и контролната единица го одредува притисокот на сопирање за секоја оска и за секое тркало. Исто така, модулатори го регулираат и притисокот на воздухот донесен до цилиндрите за сопирање. EBS има и резервен пневматски систем.

EBS е на располагање во два различни програмски пакети - Medium и High . Последниот е наменет за полуприколки.

Некои од функциите на EBS за безбедност и комфор:
ABS антиблокирачки сопирачки.
Следење на истрошеноста на облошките (LWS) покажува кога се останати околу 20% од облошките на сопирачките.
Контрола на истрошеноста на облошките (LWC) ја изедначува истрошеноста меѓу облошките на сопирачките на различните оски.
Предупредување за температурата на сопирачките за сопирачките
Комбинирање на сопирачките (Brake Blending) Помошното сопирање се активира за да се засили дејството на сопирачките за тркалата
Синхронизација на диференцијалот (DLS) Погонските тркала се синхронизираат пред да се вклучи диференцијалот.

Систем за контрола на силата на влечење (TCS) Anti-spin и синхронизирачки - ја распределува влечната сила меѓу погонските тркала.
Барање за надворешно сопирање (EBD) преку другите системи.
Анализа на истрошеноста на облошките го пресметува бројот на преостанатите километри што можат да ги издржат постојните облошки.
Контрола на влечниот вртежен момент спречува да дојде до блокирање на погонските тркала на лизгави површини, кога е пуштен педалот за гас.
Контрола на диференцијалот (DLC) Автоматско вклучување на диференцијалот при мали брзини кај соло и кај тандем задните оски.
Помош за стартување на нагорнина Сопирачките се исклучуваат откако ќе се постигне претходно поставениот вртежен момент на моторот, кога ќе се отпушти педалот на спојката (кај камионите со рачен менувач) или околу една секунда по отпуштањето на педалот на сопирачката (кај камионите со автоматска трансмисија).
Помош при панично сопирање го зголемува притисокот на сопирање за да го оптимизира забавувањето и да го скрати растојанието на сопирање.
Следење на сопирачките на тркалата континуирано ја проверува функцијата на сопирање.
Монитор на статусот на EBS преку TEA - електронскиот систем на возилото и VCADS Pro.
Предупредување за перформансата на сопирањето Предупредува доколку забавувањето е премало во однос на притисокот на педалот.
Електронска програма за стабилизација (ESP) Стабилизација на сопирањето за полуприколки со
4x2, 6x2 и 6x4 погон. Вклучена во EBS High.
Контрола на силата на спојување (CFC) меѓу влечното возило и приколката.
Сопирачка на приколката (TB) овозможува да се изврши безбедносна проверка при замена на приколката.

© copyright AB Volvo 2009