LKS - Поддршка за останување во лентата

Останете на средината од патот

Сега постои автоматски систем што ви помага да ја следите положбата на камионот на патот. Доколку дојдете премногу близу до работ на патот или до централната линија, ќе бидете предупредени со звучен сигнал. Поддршката за останување во лентата (LKS) ви помага во случај кога ќе се занесете.

LKS е систем за поддршка на возачот, кој ве предупредува кога камионот ненамерно излегува од лентата по којашто се движи. Се применува главно кај превозите на долги релации, кога камионот се вози со постојана брзина и во монотони сообраќајни услови.


 

Главни компоненти на LKS се камерата, процесорот и контролната единица. Камерата континуирано ги снима ознаките на патот. Информацијата се пренесува и се обработува од страна на контролната единица, која е поврзана со, на пример, брзинометарот, контролниот сигнал за сопирање и контролниот сигнал за трепкачите. Кога ќе се исполнат одреден број услови коишто покажуваат дека камионот ненамерно излегува од лентата, контролната единица испраќа сигнал за предупредување.

LKS лесно се вклучува и се исклучува со прекинувач на инструмент-таблата.

© copyright AB Volvo 2009