Безбедни кабини

Безбедни кабини

Соба со поглед
Кабините на Volvo Trucks се конструирани така што ќе се максимизира прегледноста на сите страни. Тие имаат големи застаклени површини, моќни ветробрански бришачи и големи ретровизори, со што се овозможува да имате контрола во секоја ситуација.

Уште повеќе, користејќи ги ефективните фарови со сијалици со празнење со голем интензитет (HID), добиваме осветлување коешто наликува на дневна светлина, којашто е попријатна за вашите очи. HID сијалиците, исто така, траат подолго од обичните сијалици за фарови.

За да може да видите што се случува зад камионот, на располагање ви стои и камера со поглед наназад со интегриран екран.


Автоматски клима-систем
Тестовите покажуваат дека кога температурата е премногу висока, возачите се склони кон тоа да прават грешки и погрешно да ги проценуваат ситуациите. Токму затоа ја развивме единствената Volvo електронската контрола на климата (ECC) во нашите камиони.

ECC е најсовремен систем што ја следи температурата во и надвор од кабината, температурата на испарувачот, вртежите во минута на моторот на возилото и неколку други параметри.

Уживајте во тишината
Преоптоварувањето со звуци може да предизвика стрес. А во голем број случаи токму стресот е факторот што придонесува за тоа да дојде до сообраќајни незгоди. Затоа, Volvo разви спектар на додатоци за намалување на бучавата, вклучувајќи:

  • Дебела изолација за контрола на бучавата од моторот, монтирана под кабината.
  • Аеродинамичниот дизајн на кабината и ретровизорите ја намалуваат аеродинамичната бучава.
  • Со новото Volvo FH/FM, новиот придушувач на звук ги намалува нискофреквентните звуци коишто предизвикуваат заморна бучава.
  • Дебела изолација околу целата кабината, за намалување на звуците од сообраќајното опкружување.

 

Без непожелни посетители, ве молам!
Возачот е најдрагоцениот ресурс за секоја превозна компанија. Со противпровалниот систем на Volvo можете лесно да го заклучите камионот и да го вклучите алармот. Можете мирно да се одморате сигурни дека сте безбедни, бидејќи сирената со 105 dB (A) е повеќе од доволна за да го натера и најодлучниот крадец да избега.

© copyright AB Volvo 2009