FUPS - Систем за предна заштита од навлегување под камион

Технологија за побезбеден свет

При судир, автомобилот често заглавува под камионот во смртоносна замка. За да се избегне тоа и за да се максимизира ефектот на зоните за смачкување за автомобилот, Volvo Trucks го разви системот за предна заштита од навлегување под камион (FUPS).

FUPS е стандарден за моделите Volvo FH и Volvo FM. Со користење на 200 mm длабоката зона за смачкување, значително се намалува продирањето во кабината на автомобилот. FUPS ја зголемува стапката на преживување на патниците во автомобилите. Дополнително, браникот на камионот е поставен на иста висина како и типичниот браник на автомобилите, така што зоната на деформација на автомобилот може целосно да се искористи.

© copyright AB Volvo 2009