Кабини безбедни при судир
Најчестото сценарио на сообраќајни незгоди вклучува директен судир или превртување. Во овие, како и во други сообраќајни незгоди во коишто кабината е удрена од надворешен предмет, примарна задача на кабината е да ја пренесе енергијата наназад преку неа, со цел да се задржи доволно простор за преживување внатре.
Во Volvo Trucks темелно ги тестираме нашите кабини во серија секвенци, вклучувајќи го и тестот со предно нишало. Сите кабини ги исполнуваат шведските стандарди за цврстина на кабината - инаку, најстроги во светот.
Ја апсорбира енергијата на ударот
Во случај на сообраќајна незгода дејствуваат огромни сили. Силата на којашто се изложува вашето тело е веројатно најмалку двапати поголема од тежината на целото ваше тело. Токму затоа, внатрешноста на кабината треба да ја апсорбира енергијата, со цел да се ублажи ударот на човечкото тело.